Вести
„МојТермин“: Околу 100 доктори си препишувале голем број рецепти
Од анализата на податоците од Националниот систем за електронски евиденции во здравството „МојТермин“ се утврди дека кај околу 100 доктори се констатирани нереално голем број препишани рецепти, кои докторите си ги препишале самите на себе, соопшти Управата за електронски евиденции во здравството – МојТермин по реакциите на Здружението на матични лекари за неможноста матичните доктори самите на себе да креираат упати и рецепти (односно да се водат како матичен пациент самите кај себе).
Така, се посочува во соопштението, Управата утврди дека еден гинеколог си препишал самиот на себе 182 рецепти за една година, од кои 45 се антибиотици.
Оттаму истакнуваат дека нереално е и воопшто не соодветствува со протоколите по медицина базирана на докази, пациент да примал антибиотска терапија секој ден во период од една година.



