Вести
Сообраќајот Скопје-Велес и Велес-Скопје отворен по една коловозна лента
Сообраќајот на патниот правец Скопје – Велес е отворен за сообраќај по една коловозна лента, само за патнички возила, а сообраќајот на патниот правец Велес –Скопје се одвива отежнато по една коловозна лента, соопшти АМСМ.
Центарот за управување со кризи претходно информираше дека на автопатската делница на патниот правец Скопје-Велес кај месноста Кула во краток временски период има наврнато големи количини снег што предизвика застој во сообраќајот поради бавното движење на возилата.
Информираа дека е испратена дополнителна механизација за побрзо расчистување на овој патен правец.



