Вести
Незапаметено невреме ја погоди Европа
Делови на Европа се зафатени од незапаметено невреме, проследено со температури многу пониски од нулата, обилни снежни врнежи и силни ветрови, што предизвика поплави, застој во сообраќајот и поголeм број сообраќајни несреќи.
Реонот околу Балтичкото Море е погоден од бурата Аксел, која предизвика рекодно зголемување на морското ниво и поплави во североисточното крајбрежје на Германија и во делови на Скандинавија.
Германската Федерална служба за поморство и хидрографија соопшти дека нивото на водата во Балтичкото Море минатата ноќ било за 1,5 до 1,7 метри над вообичаеното за овој период од годината, што предизвика најтешки поплави во крајбрежните области од 2006 година.



