Вести
Сообраќајот во зимски услови со забрани и ограничувања
Сообраќајот на државните патишта се одвива отежнато, во зимски услови, по влажни коловози и со остатоци од снег по коловозите, по интервенција на екипите на Македонија Пат.
Забрана за движење на тешки товарни возила има на планинскиот премин Плетвар, како и на патните правци Маврово – Дебар и Кочани – граничен премин Делчево.
Затворени за сообраќај се патиштата кон селата Герман, Гошинце и Алешевце, а поради наноси од снег во прекин е сообраќајот на патниот правец Прилеп – Витолиште.



