Актуелно
Српското Обвинтелство нареди истрага за „Лото скандалот“
Белградското Вишо јавно обвинителство денеска и издаде налог на полицијата да започне со прибирање на потребните информации за утврдување на сите факти и евентуална кривична одговорност во врска со скандалот со синоќешното извлекување на броевите од 59-то коло на играта на среќа „Лото“ на Државна лотарија на Србија, јави Танјуг.
Јавниот обвинител Загорка Доловац соопшти дека Обвинителството решило целосно и детално да го испита целиот случај и порача дека одговорните ќе бидат „процесуирани без разлика која функција ја извршуваат и на која позиција се наоѓаат“.
– Кога е во прашање Државната лотарија на Србија целосно сме свесни дека овој случај предизвика голема вознемиреност кај граѓаните и затоа јавноста благовремено ќе биде информирана за резултатите од истрагата, нагласи Доловац.



