Вести
СТАТИСТИЧКИ ПРОГНОЗИ: До 2050 година, Македонија ќе изгуби 4,4 отсто од населението
Доколку се остварат статистичките прогнози, до 2050 година во Македонија ќе живеат 4,4 отсто помалку луѓе отколку денес, што би значело дека дотогаш ќе исчезна еден цел град, со големина на Куманово.
Ваквите информации доаѓаат од американската Централна разузнавачка агенција, која беше еден од изворите врз основа на кои се дојде до проекциите.
Речиси целиот регион ќе се соочи со намалување на бројот на населението.


