Актуелно
Стотина лица побарале лекарска помош од земјотресот
Стотина лица побарале лекарска помош во скопските болници и амбуланти по денешната серија земјотреси што го погодија Скопје и околината.
Четириесетина лица побарале помош во градската болница „Наум Охридски“, а уште толку во градската болница „8 Септември“.
Најчесто се повредиле при бегање од своите домови, а неколкумина се со скршеници. Во болницата „Наум Охридски“ се задржани на лекување тројца пациенти, меѓу кои и една жена која паднала од тераса од први кат, при што се здобила со скршеници на нозете. Во болницата „8 Септември“ нема хоспитализирани пациенти со повреди од денешните земјотреси.



