Актуелно
Вчера регистрирани повеќе од 13 земјотреси во Скопје
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, вчера регистрирала повеќе од 13 земјотреси во Скопското епицентралното подрачје.
Серијата започнала со земјотрес во 6 часот и 58 минути, кој имал локална Рихтерова магнитуда 3.9, а бил почувствуван во Скопје и околината со интензитет од VI-VII степени според Европската макросеизмичка скала.
Една минута подоцна, во 6 часот и 59 минути, се случил друг послаб земјотрес, со локална Рихтерова магнитуда 2.8, а со интензитет во Скопје и околината од IV-V степени според Европската макросеизмичка скала.



