Актуелно
СТУДЕНО И ВЕТРОВИТО: Дожд, снег и утрински температури под нулата
Времето денеска претпладне во Македонија ќе биде облачно со врнежи од дожд претежно во западните и јужните делови кои повремено ќе бидат со умерен интензитет.
На повисоките планини со надморска височина над 1.800 метри во западниот дел од земјава врнежите ќе поминуваат во снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер кој ќе предизвика значително опаѓање на температурата.
Утринската температура ќе се движи од три до 11, а дневната од осум до 14 степени.



