Вести
Студено, облачно и ветровито – од петок снег на повисоките места
Времето во Македонија денеска ќе биде претежно облачно со умерен до засилен северен ветер. Во централните и северните делови ќе биде со сончеви периоди. Кон крајот на денот и преку ноќта ќе има локални врнежи од дожд, кои во јужните делови повремено ќе бидат со умерен интензитет.
Минимална температура ќе се движи од 5 до 13 а максималната температура од 12 до 17 степени.
Во Скопје времето ќе биде претежно облачно со умерен до засилен северен ветер. Температурата ќе се движи до 14 степени.



