Актуелно
Неколку десетици лица добиле медицинска помош по земјотресот во Италија
Неколку десетици лица добиле медицинска помош вчера по силните потреси во централна Италија, но засега нема податоци за тешко повредени, соопшти началникот на цивилна заштита Фабрицио Курчио, пренесува БТА.
– На крајот ситуацијата не е толку катастрофална како што мислевме на почетокот, со оглед на интензитет на потресите, изјави тој на прес-конференција во Риети. – Неколкумина повредени и многу паника, објасни Курчио.
Неколку повредени лица биле пренесени со амбулантни возила во итни оддели на болници во регионот и неколку десетици луѓе заминале сами да побараат лекарска помош поради повреди или лошење.



