Актуелно
ИСИС ја презеде одговорноста за нападите во Париз
Исламска држава денеска ја презеде одговорноста за терористичките напади во Париз, во кои загинаа најмалку 128 лица, а околу 250 се повредени.
Во официјалното соопштение на исламистичката група се наведува дека борците од ИД, со појаси со експлозив и вооружени со автоматско оружје, ги извеле нападите на неколку локации во центарот на Париз. Нападите биле внимателно планирани.
