
Свет
Турција со закон го обезбеди хранењето на уличните животи за време на „КОВИД-19“
Бидејќи народот во Турција е во домашен карантин за да го спречи ширењето на „Ковид-19“, владата на вонредна седница го реши прашањето кој ќе ги храни стотиците илјади бездомни животни на земјата.
Министерството за внатрешни работи одлучи дека оваа обврска им припаѓа на локалните општински совети на национално ниво и им нареди „да им носат храна и вода во засолништата за животни, парковите, градините и другите области каде што се наоѓаат уличните животни“.
Министерството инсистира на тоа дека „мора да се преземат сите неопходни мерки за да се обезбеди уличните бездомни животни да не гладуваат“, додавајќи дека засолништата и јамите на животните исто така треба да бидат дезинфицирани.




