Вести
Светот ја испраќа старата и ја пречекува новата 2019 година
Стотици милиони луѓе во светот вечерва на плоштадите во своите градови, во туристичките центри, во кафеани, ресторани, пабови… или во семејна атмосфера во домовите, ќе ја испратат 2018 и ќе ја пречекаат Новата 2019 година.
Аки Рахимовски и „Парни валјак“, неколку македонски пејачи, диџеј и косовската група „Офкестра“ ќе ги забавуваат скопјани за новогодишната ноќ. Новогодишната програма ќе почне во 21 часот на Градскиот плоштад „Македонија“ и ќе трае до еден часот по полноќ.
Традиционално на плоштадот најмладите ќе го дочекаат Дедо Мраз во 13 часот. Претходно во рамки на програмата ќе биде изведена претставата „Волкот низ приказните“ и дружење со Волд Дизни маскоти.



