Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Оваа година над 50 „Места со срце“ на СОС Детско село ќе го збогатат Скопје со празнична магија

Вести

Оваа година над 50 „Места со срце“ на СОС Детско село ќе го збогатат Скопје со празнична магија

Овие неколку денови во Скопје блеска празничната магија. За да ја збогатат, СОС Детско село заедно со над 50 „Места со срце“ ги отворија вратите за сите кои сакаат да пренесат една едноставна порака, а тоа е дека и малите и младите кои се без родители и во социјален ризик не се сами.

На 27ми, 28ми и 29ти (четврток, петок и сабота) декември 2018 година Градина, Гет Кафе Аеродром и Кисела Вода, Пастрмајлија Грил Хаус, Сендвичара 7, Пелистер, Coffee Factory, Локал 45, Круг, Скопски Мерак, Кантина, Галери кафе, Фурна, Passion, Bella Vista, Soul Kitchen, Диван бистро, Фирма, PLAY City Caffe, Caffe LEE, City Hall, Public room, Де Гама, Енрико, Вели Ив, Рустикана, Brown Sugar Bar, Baking Bread, FOUR, Brick bar, Brick eat, Backyard, сите локали на Жито Леб, Каза, Гостилница XXL, игротека Авантура, игротека Имагинариум, Балнеум и Екотип ја поддржуваат мисијата на СОС Детско село дека „Ниту едно дете не треба да расте само“. Во дел од овие места посетителите ќе може да се запознаат и со работата на СОС Детско село и да донираат за оние на кои им е најпотребно.

Повеќе информации околу самата акција ќе најдете и на Фејсбук фан страната: https://www.facebook.com/mestososrce/.

Средствата од Место со срце на СОС Детско село ќе бидат наменети за деца и млади, без родителска грижа и кои се во социјален ризик. Минатата година околу 130.000 денари кои беа остварени преку оваа кампања беа искористени за поддршка на нивната едукација.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Вести

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.