Актуелно
Светот се поклони пред Света Мајка Тереза (ФОТОГАЛЕРИЈА)
Поглаварот на Римокатоличката црква, Папата Франциск на церемонија која се одржа на плоштадот „Св. Петар“ ја прогласи Мајка Тереза за Светица.
На канонизацијата на Блажена Мајка Тереза присуствуваше македонска државна и црковна делегација, предводена од претседателот Ѓорге Иванов.
Во состав на македонската делегација, покрај претседателот Иванов, беа и премиерот Емил Димитриев, министрите за надворешни работи и за култура, Никола Попоски и Елизабета Канческа Милевска, лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, Никола Груевски и Зоран Заев, претставници на Католичката црква во Република Македонија и на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, како и претставник на фамилијата на Мајка Тереза.







