Вести
СВЕТСКИ ДЕН НА ЧИСТЕЊЕТО: Акција „Македонија без отпад“
Министерството за животна средина и просторно планирање во соработка со здружението за одржлив развој и заштита на животната средина ГОУ Грин од Скопје и Градот Скопје организираат акција Македонија без отпад 2018 година која ќе почне денеска. Стартот ќе биде означен во општина Кисела Вода од страна на заменик-министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули.
Активностите за собирање на отпадоците ќе се одвиваат на две локации, на трим патеката покрај пругите во Кисела Вода, како и под мостот на бул. „Србија“.
Со поддршка од Министерството за образование и наука и Општина Кисела Вода дел од глобалната/национална акција за чистење на отпадоците ќе бидат учениците и наставниците од сите основни училишта кои се под надлежност на локалната самоуправа.



