Вести
Светскиот ден на здравјето – 7 април, посветен на депресијата
По повод Светскиот ден на здравјето – 7 април, што годинава е посветен на депресијата, Македонското лекарско друштво денеска организира свечен собир, а ЈЗУ Здравствен дом на Скопје ќе постави пункт на плоштад Македонија за информирање на граѓаните за помош при депресија.
На собирот ќе биде претставен пригоден реферат на тема „Депресија – ајде да разговараме“, како што гласи и годишното мото на Светската здравствена организација за Светскиот ден на здравјето. Најавено е обраќање на претседателот на МЛД, доц.д-р Горан Димитров и ќе бидат доделени и признанија од МЛД.
На пунктот, пак, граѓаните ќе можат да зборуваат со здравствени работници и да се информираат за причините и можните последици од депресијата, како да ги препознаат симптомите и каде можат да побараат помош. Семејството, пријателите и колегите исто така можат да се информираат како да им помогнат на лицата со депресија. Ќе бидат поделени и флаери со превентивни содржини за депресијата, изработени од Светска здравствена организација.


