Актуелно
Телата на убиените во Куманово ќе им бидат предадени на семејствата
Министерството за надворешни работи на Република Македонија испратило информација до Амбасадата на Косово во Скопје дека е завршена обдукцијата на телата и идентификацијата на девет лица кои загинаа во полициската акција во Куманово, потврдија од македонското МНР.
Косовската амбасада треба да ги информира семејствата на загинатите припадници на криминално-терористичката група дека можат да дојдат во Скопје да ги подигнат нивните тела.
Јавното обвинителство на Република Македонија во на 17 мај соопшти дека во полициската акција минатиот виикенд во Куманово загинале 10 припадници на терористичката група.



