Актуелно
Хаварија во македонскиот владин авион: Се слушнал гласен звук, по што пилотот принудно слетал
Владиниот авион со кој патува делегацијата предводена од премиерот Никола Груевски враќајќи се од Стразбур, принудно слетал во Цирих. Авионот сега е во сервис во Нирнберг.
Како што изјави за МИА портпаролот на Владата Александар Ѓорѓиев, премиерот Груевски и сите други патници во авионот се добри, а надлежните служби треба да ги преземат сите дејствија за утврдување на фактите.
– Според првичните информации, можам да потврдам дека на враќањето од Стразбур се случил дефект во летот на владиниот авион во кој бил и премиерот Груевски со своите соработници по што авионот принудно слетал во Цирих, изјави портпаролот Ѓорѓиев.


