Актуелно
Температури длабоко под нулата во Македонија
Во Македонија утринава се измерени температури под нулата. Најстудено е во Берово каде минималната температура е -18 степени, по што следуваат Маврово со -16, Крива Паланка, Тетово, Лазарополе, Битола и Дебар со -14, Пожаране, Куманово и Крушево со -12, Штип и Скопје со -11, а Демир Капија, Струмица, Пожар, Прилеп и Ѓуриште -10 степени.
Утринавската температура во Тополчани, Кавадарци и Виница изнесува – 9 степени, во Гевгелија и Претор -7, во Охрид -6 и во Дојран -5 степени.
Најмногу снег има во Маврово каде висината на снежната покривка изнесува 38 сантиметри, додека во Лазарополе има 30 сантиметри снег, во Берово 25, Пожаране 22, Крушево 19, во Ѓуриште 16 сантиметри…..


