Вести
ТЕМПЕРАТУРИ ОД -20 СТЕПЕНИ: Од утре постудено со снег и засилен ветер
Значителна промена на времето ќе има утре кога поради спуштање на поларна воздушна маса од север ќе има врнежи од снег, најпрво во северните и западните, а потоа и во останатите делови. Во јужните делови најпрво врнежите ќе бидат од дожд, а потоа ќе преминат во снег.
Пообилни врнежи се очекуваат во попладневните и ноќните часови. Врнежи од снег ќе има и во петок, особено претпладне, но со намален интензитет. Насекаде ќе се формира снежна покривка, на планините и до 50 сантиметри, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Во Скопската котлина можно е снежната покривка да биде околу 10 до 15 сантиметри.



