Актуелно
Терористички напади во Париз: Што знаеме досега?
Главната престолнина на Франција е во шок по серијата терористички напади на различни локации во градот изминатата ноќ.
Што се случи?
— Координирани напади се случија на 6 локации низ Париз, вклучувајќи театар, стадион и најмалку два ресторана
— Најмалку 153 лица се убиени според француските власти. Парискиот градоначалник апелира – бројката на мртви ќе расте.
— Осум терористи се мртви, седум од нив извршиле самоубиство со бомби околу своето тело.
— Полицијата се уште истражува дали има уште терористи вклучени во нападите. Градот е целосно блокиран.
— Никој нема преземено одговорност врз нападите.
— Францускиот претседател Оланд присуствувал на натпреварот Франција-Германија каде е извршен еден од терористичките напади.
Каде биле нападите?
Концертна сала Bataclan
— Најмалку 112 убиени млади лица
— Полицијата насилно влегла во салата, убиени се 4 напаѓачи, 3 од нив се самоубиле
— Американскиот бенд “Eagles of Death Metal,” настапувал во салата
— Сведок кој го преживеал нападот за француските медиуми изјавил дека напаѓачите извикале “Алаху Акбар.”
— Сведок изјавил: Нѐ пукаа како да сме птици
Стадионот на Франција
— 4 луѓе се убиени надвор од стадионот
— За време на нападот, Франција играла пријателски фудбалски меч со Германија
— За време на мечот, се слушнале три силни експлозии – една од експлозиите била самоубиство на напаѓач со бомби
Други локации
— Најмалку 14 мртви во близина на ресторан во Париз
— Најмалку 19 мртви во близина на кафе-бар во центарот на Париз.
Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.


![2E6D5A4500000578-3317776-image-a-7_1447476332399[1]](http://www.popularno.mk/wp-content/uploads/2015/11/2E6D5A4500000578-3317776-image-a-7_14474763323991.jpg)
![151113232645-map-paris-terror-attacks-inset-update-exlarge-169[1]](http://www.popularno.mk/wp-content/uploads/2015/11/151113232645-map-paris-terror-attacks-inset-update-exlarge-1691.jpg)

