Актуелно
Тешка сообраќајка кај Штип, еден загинат и двајца повредени
Едно лице загина, а две се потешко повредени во несреќата која што се случила 20 минути по полноќ кај мостот на река Брегалница, во близина на регионалната дирекција на „Македонија пат“ во Штип.
Според првичните информации, до несреќата дошло при судир на џип марка „БМВ“, управуван од 21-годишниот О.П., државјанин на Турција и такси возило марка „фолксваген венто“, управувано од 46-годишен таксист, кој превезувал четири сопатници.
При судирот на самото место загинал такси-возачот, а останатите лица се здобиле со повреди.



