Актуелно
Две жртви и 25 повредени во 26 сообраќајки викендов во Скопје
Две жртви и 25 повредени лица е билансот од 26-те сообраќајни несреќи што се случиле во изминатите три дена во Скопје. Поради жртвите безбедносната состојба во делот на случените сообраќајни незгоди, според сообраќајната полиција, се оценува како неповолна.
Првата незгода со жртва се случила на 3 април, во 20 часот и 40 минути на крстосницата од бул. „Партизански одреди“ со ул. „ Косовски херои“, во непосредна близина на Универзалната сала. Во незгодата учествувале патничко моторно возило „хонда“ со скопски регистарски таблички, управувано од граѓанин на Скопје и пешак на 21-годишна возраст, жител на Крива Паланка. Како последица на незгодата од здобиените повреди на лице загинал пешакот. По незгодата возачот со возилото заминал од местото на настанот и по извесно време случајот го пријавил во полициската станица Ѓорче Петров. Од страна на увидната екипа на СВР Скопје предводена од јавен обвинител извршен е увид на лице место и преземени се понатамошни мерки со цел утврдување на околностите кои довеле до случување на незгодата.
Втората незгода се случила на 5 април, во 17 часот и 40 минути на ул. „Бутелска“ во која учествувале патничко моторно возило „шкода фаворит“ со скопски регистарски таблички, управувано од граѓанин на Скопје и пешак на возраст од околу 75 години, граѓанин на Скопје. Како последица на незгодата пешакот се здобил со тешки телесни повреди и со возило е пренесен во Ургентниот центар каде им подлегнал на повредите.



