Актуелно
ТЕШКА СООБРАЌАЈКА ВО ОХРИД: Загина моторциклист во директен судар со комбе (ФОТО)
Едно лице го загуби животот во сообраќајна несреќа што попладнево се случи на локалниот пат Охрид – Свети Наум, на делот од патот што од Пештани води во насока кон автокампот „Градиште“.
Според првичните информации потврдени од Секторот за внатрешни работи од Охрид, до несреќата дошло при директен судар на комбе „Волксваген“ со моторцикл, кој од непознати причини прешол на спротивната страна од коловозот.
Во несреќата е повредено уште едно лице, сопатникот на моторциклот кој се здобил со животнозагрозувачки повреди во несреќата.


![13866572_983793135074274_554568808_n[1]](http://www.popularno.mk/wp-content/uploads/2016/08/13866572_983793135074274_554568808_n1.jpg)

