Актуелно
Тешко повредено момче од струен удар од електромрежа за возови
Четиринаесетгодишно момче од Велес се здоби со тешки изгореници од струен удар од жиците на електромрежата за движење на возовите.
Според информацијата од СВР Велес вчера околу 12,15 часот во полицијата било пријавено дека на Железничката станица во Велес дете родено 2001 година е повредено од струен удар откако ги допрел жиците за електро напојување од 25 илјади волти- јачина од електро мрежата за движење на возовите.
Како што информира за медиумите Анита Стојковска портпарол на СВР Велес, првичните информации се дека детето – 14 годишниот Б.К. било повредено откако се качило врз товарен вагон паркиран на Железничката станица и сакал самиот да се фотографира, а притоа несакајќи ги допрел жиците од електрична струја за движење на возовите.



