Актуелно
ВРЕМЕТО ДЕНЕС: Најстудено во Берово -10, над нулата само во Дојран
Берово утрово е најстуден град во Македонија. Според УХМР таму се измерени минус 10 степени. Во Маврово, -8 , во Скопје и Крива Паланка -7, Тетово, Лазарополе, Битола, Демир Капија и Дебар -6, Прилеп, Штип, Струмица, Крушево и Куманово -5, Охрид, Претор и Кавадарци -4, во Виница -3, Виница, Гевгелија – 2 и Дојран 1.
Во текот на ноќта времето беше претежно ведро со слаб ветер од променлив правец. Утрово по одделни котлини има појава на слаба магла, а повеќе магла има само во Демир Капија каде што видливоста е намалена на 100м.
Претпладне ќе биде сончево, а попладне со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Дневната температура ќе се движи од 7 до 13 степени.



