Актуелно
OKTA со меѓународно признание за најдобра општествено одговорна кампања – Шанса за живот
Компанијата ОКТА ја доби наградата Најдобра социјално одговорна практика за кампањата Шанса за живот.
Интернационалната награда за спроведување на најуспешнатаопштествено одговорна кампања ја доделува “CSR for ALL”, проект создаден од Европската Унија, а во земјава имплементиран од страна на Бизнис Конфедерација на Македонија. Во презентации од девет земји учеснички во проектот, Шанса за живот е издвоена како општествено одговорна практика што најмногу се истакна на интернационално ниво со своето влијанието врз заедницата и промената што ја предизвика.
– „Ова признание не е само на ОКТА, туку на сите индивидуалци,организации и компании кои активно се вклучија и нè подржуваа изминативе две години. Шанса за живот е кампања која наиде на одличен одѕив во јавноста и остави значаен белег и бенефит за целата заедница. За нас во ОКТА, одговорноста кон заедницата е вграден механизам во секојдневната работа на компанијата, нејзините политики и бизнис стратегија. Континуирано се залагамеза одржлив развој, интегрирајќи го концептот на општествена одговорност, не само поради етичка обврска, туку поради фактот што ОКТА и нејзините вработени се исто така дел од оваа заедницата“, изјави Марија Ставрева, менаџер за општествена одговорност и комуникации во ОКТА.



