Вести
Топло до 38 степени, од недела заладување
Времето во Македонија ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и југозападен правец.
Утринската температура ќе се движи од 12 до 20, а дневната од 32 до 38 степени. УВ-индексот ќе има вредност 9.
Во Скопје ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност.Утринската температура ќе се спушти до 18, а дневната ќе достигне до 36 степени.



