Вести
Тројца повредени и еден приведен во тепачка во автобус во Скопје
Три лица се повредени, а едно е приведено откако група лица синоќа нападнале патници во автобус бр. 50 на ЈСП на бул. „Крсте Мисирков“ во Скопје кај 26-ти Јули, предизвикале сообраќајка на автобусот и продлжиле со тепачка на постојката.
Министерството за внатрешни работи соопшти дека синоќа околу 21 часот е пријавено оти на бул.„Крсте Мисирков“ на постојката кај 26-ти Јули во автобус на ЈСП бр. 50 од страна на повеќе лица бил нарушен јавниот ред и мир и притоа биле нападнати и патниците кои биле внатре во автобусот.
Тепачката настанала на горниот кат од автобусот и продолжила и на долниот кат. Еден од учесниците во тепачката го фатил воланот на возачот и предизвикал сообраќајка односно автобусот удрил во приватен автобус бр.20.



