Актуелно
Тројца повредени во сообраќајка во Тетовско
Двегодишно девојче се здоби со тешки телесни повреди, а уште две возрасни лица се полесно повредени во сообраќајна несреќа вчера, околу 15 часот, на локалниот пат Фалише-Стримница, информираше денеска портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.
Во сообраќајката учествувале две патнички возила „Киа Пиканто“ со тетовски регистарски таблички управувана од А.А. (33) од Стримница и „Голф“ со тетовски регистарски таблички управуван од А.К.(19).
Двегодишното девојче кое било сопатник во „Киата“ било потешко повредено и по укажаната помош задржано на лекување во тетовската клиничка болница заедно со А.А. која имала полесни телесни повреди додека по укажаната лекарска помош А.К. бил пуштен на домашно лекување.



