Актуелно
Променливо облачно со температура до 21 степен – од среда заладување
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во утринските часови по одделни котлини ќе има појава на слаба магла, а попладне во планинските подрачја услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Утринската температура ќе се движи од шест до 12, а дневната од 16 до 21 степен.
Во Скопје слично време со температура од девет до 19 степени.
Повеќе сончеви периоди ќе има во понеделник и вторник. До среда ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди и со слаб до умерен југоисточен ветер. Во утринските часови ќе има услови за појава на слаба магла по одделни котлини.



