Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Тројца приведени за инцидентот на Клиника – лекарот надвор од животна опасност

Актуелно

Тројца приведени за инцидентот на Клиника – лекарот надвор од животна опасност

Осомничени се три лица од Скопје на возраст 30, 34 и 36 години и се приведени во полициска станица, во врска со оружениот инцидент утрово во Клиничкиот центар во Скопје, при што беше повреден еден лекар.

Во моментот се разговара со нив и се работи на утврдување на мотивите за нападот. Пиштолот е одземен и даден на вештачење и се утврдува кое од трите лица пукал кон лекарот, појаснуваат за МИА од СВР-Скопје.

Повредениот лекар од одделението за дигестивна хирургија е опериран и е надвор од животна опасност.

Како што соопшти СВР-Скопје, утрово во 9.30 часот во полицијата е пријавено дека во Клиничкиот центар, одделение за дигестивна хирургија имало пукање од огнено оружје од страна на непознато лице.

Од страна на СВР-Скопје е излезено на местото на настанот и е констатирано дека лекар од истата клиника во неговата канцеларија се здобил со прострелна рана во пределот на ногата и е надвор од животна опасност.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Актуелно

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.