Вести
УЈП очекува над 400 илјади граѓани да поднесат годишнa даночнa пријавa
Управата за јавни приходи очекува до 15 март, кога е крајниот рок, над 400 илјади граѓани да поднесат Годишна даночна пријава.
Како што информираат заклучно со 13 февруари 2017 година, 51.616 граѓани ја исполниле својата даночна обврска и апелираат граѓаните да не ги чекаат последните денови со цел да се избегнат метежите на даночните шалтери.
Годишна даночна пријава поднесуваат граѓаните кои во изминатата 2016 година освен плата или пензија или приход од земјоделска/самостојна дејност, оствариле и други дополнителени приходи.



