Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Убиен чувар на нуклеарка во Белгија, неговата картица украдена

Актуелно

Убиен чувар на нуклеарка во Белгија, неговата картица украдена

Член на обезбедувањето на белгиската нуклеарна централа Тианж е убиен во градот Шарлроа во Белгија, а неговата идентификациона картица е украдена, тврди денеска бриселскиот весник „Дерниер ер“, повикувајќи се на локални полициски извори.

– Чуварот на постројката е убиен во четвртокот додека го шетал кучето. Ова злосторство медиумите целосно го игнорираа, но денеска локални полициски извори потврдиле дека неговата идентификациона картица, која овозможува пристап до централата, е украдена, наведува весникот.

Белгискиот печат пред два дена пишуваше дека бриселските бомбаши-самоубијци Халид и Ибрахим ел Бакрауи, планирале и напад на белгиската нуклеарка, но го промениле планот, откако е уапсен нивниот соучесник Салах Абдеслам.

„Дерниер ер“ наведе тогаш дека минатонеделното апсење на Абдеслам, главен осомничен за нападите извршени во Париз во ноември 2015, ги забрзало плановите на терористите.

Браќата, како што стои во текстот на белгискиот весник, поставиле скриена камера пред куќата на директорот на белгиската програма за нуклеарно истражување.

Снимката, која трае „повеќе десетина часови“, а на која е забележано движење на шефот на белгиската нуклеарна програма, е запленета во текот на антитерористичката рација во станот на уште еден осомничен, кој припаѓа на истата терористичка келија, Мухамед Бакали.

Според информациите на истражителите, до кои дошол „Дерниер ер“, браќата Ел Бакрауи биле единствените осомничени за поставување на камерата.

Откако ја анализирале видео-снимката, истражителите заклучиле дека целта на терористите била да „ја загрозат националната безбедност како никогаш досега“, наведува белгискиот весник.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Актуелно

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.