Актуелно
Спасовски:Немаше полициска акција, туку зголемено присуство на полицијата во кумановско-скопскиот регион
Немаше никаква полициска акција ниту претреси, ниту приведувања, туку само зголемено присуство на полициски сили во кумановско – скопскиот регион бидејќи во овој период имаме сериозни предизвици коишто се и ризици за безбедноста на Република Македонија и на регионот, рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски при денешната посета на полициската станица Матејче, каде што оствари средба со командирот на оваа полициска станица, а се сретна и со граѓани од ова липковско село.
– Во овој период имаме бегалска криза и во рамки на сите овие активности присуството на МВР е зголемено во кумановскиот и во скопскиот регион, се со цел да се обезбеди поголема безбедност и стабилност на граѓаните на Република Македонија, истакна Спасовски.
Тој нагласи дека не сака да се создава фама и страв кај граѓаните бидејќи нема потреба од таква работа и потенцираше оти има соработка со граѓаните од овој регион. Уште еднаш додаде сите да бидат спокојни бидејќи МВР ги презема сите мерки кои значат засилување на безбедносната состојба на државата.



