Актуелно
УХМР: Попладне и утре невреме во југоисточните делови
Услови за нестабилност проследена со повремен пороен дожд, грмежи и засилен ветер, најавуваат хидрометеоролозите за денеска попладне и кон крајот на денот особено на југ и на исток.
Од УХМР информираат дека во ноќните часови понекаде се уште ќе има краткотраен повремен дожд и ретки грмотевици, пред се во планинските региони.
Утре, под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи. На места ќе има услови за невреме проследено со засилен ветер, електрични празнења и појава на град. Нестабилноста ќе биде повеќе изразена во јужните и источните делови на земјата.



