Актуелно
Унгарската полиција со солзавец врз група мигранти
Унгарската полиција употреби солзавец врз група од 200 мигранти кои се обиделе да напуштат прифатен центар за бегалци во местото Реске, во близина на границата со Србија.
Портпарол на полицијата изјави дека тие мигранти одбивале да дадат отисок од прсти и нагласи дека „полицијата се обидела да ја смири ситуацијата, но тие и понатаму протестираат“.
Полицијата соопшти дека ќе испрати 2.100 полицајци како засилување на границата со Србија, со цел да помогне за справување со зголемениот број имигранти.



