Актуелно
Следува продолжен викенд: Ова се сите неработни денови до крајот на годината
Mинистерството за труд и социјална политика соопшти дека, согласно со Законот за празниците на Република Македонија , 28 август (петок), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица) е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед во Република Македонија.
Ова се сите неработни денови до крајот на годината:
• 08 септември (вторник), Ден на независноста
• 11 октомври (недела), Ден на народното востание, односно 12 октомври (понеделник) е
неработен ден
• 23 октомври (петок), Ден на Македонската Револуционерна Борба
• 08 декември (вторник), “Св. Климент Охридски”


