Актуелно
Утре е Ден на жалост во Македонија
Понеделник, 8 август 2016 година е определен за Ден на жалост во Република Македонија. Одлуката ја донесе Владата на денешната вонредна седница.
– Владата донесе одлука за постоење кризна состојба во скопскиот и тетовскиот регион во траење од 15 дена, како и одлука за доделување еднократен паричен надомест во висина од 300.000 денари за семејствата на загинатите граѓани, се вели во соопштението од Владата.
Како што се наведува, Дирекцијата за заштита и спасување е задолжена целокупната опрема, од сите региони во државата, да ја стави на располагање во кризните региони, а препорача на општините кои располагаат со вакуум цистерни да ги стават на располагање на Град Скопје.


