Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Утре почнува августовскиот испитен рок за државна матура

Актуелно

Утре почнува августовскиот испитен рок за државна матура

Матурантите кои во јунската сесија не ја положиле државната матура или не во целост ќе полагаат од утре до 18 август. Како што соопшти Државниот испитен центар, во августовскиот испитен рок се пријавиле 1.802 ученици.

Утре ќе се полага задолжителниот предмет мајчин јазик (македонски, албански или турски) и литература. Македонски јазик и литература ќе полагаат 128 кандидати, албански јазик и литература 266, а 21 ученик е пријавен за турски јазик и литература.

Во вторник, 16 август, ќе се полага предметот математика за кој се пријавени 88 кандидати, а на 17 август ќе се полага странски јазик. Англиски јазик ќе полагаат 1.294 кандидати, француски јазик и германски јазик по четворица кандидати и еден кандидат за руски јазик.

На 18 август е закажано полагањето по предметите: физика, хемија, биологија, бизнис, историја, филозофија и естетика.

ДИЦ соопшти дека бизнис ќе полагаат 199 кандидати, историја 218, биологија 82, филозофија 143, хемија 4, физика 7 и естетика 14.

Испитите по сите предмети ќе почнуваат во 10 часот и ќе се реализираат на 11 локации во Република Македонија. Испитниот материјал истиот ден кога се реализира испитот ќе биде однесен во училиштата и ќе биде вратен во ДИЦ.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Актуелно

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.