Вести
Утревечер концерт на оркестарот на институтот „Фејмс“ под диригентската палка на светски познатиот Тимоти Редмонд
Утревечер, во камерната сала на Македонската филхармонија, ќе се одржи концертот „Дијалози со Џанго Рајнхарт“, финален настан од истоимената музичка работилница што целиот изминат месец ги обедини младите музичари од различни делови од Европа во ФЕЈМС Институтот во Скопје.
Во изминатите две недели, учесниците работеа со врвни ментори, истражувајќи ја врската меѓу класичната и современата музика. Нивната посветеност, креативност и размена на културни влијанија ќе кулминираат со овој концерт, на кој публиката ќе има можност да слушне уникатни аранжмани и нови музички перспективи.
Под диригентската палка на реномираниот диригент Тимоти Редмонд, концертот ќе понуди богата програма која опфаќа ралични музички жанрови, а е инспирирана од џипси музиката. На програмата на концертот ќе бидат изведени дела од Лист, Бизе, Брамс, Барток, Штраус, како и современи дела инспирирани од џипси музиката. Специјален акцент ќе биде ставен на композициите кој ќе ги изведе виолинистот Федерико Натан, кој ќе настапи како солист, заедно со гитаристот Жереми Шакр и музичарите Јакопо Мезаноти, Иван Бејков и Филип Динев и целиот оркестар на Фејмс Институтот.





