Вести
Утрово најладно во Берово, Битола и Струмица
Во Берово утрово, со измерени минус пет степени, е најладно.
Како што соопшти УХМР, температури под нулата се измерени и во Битола и Струмица -4, во Дебар, Тетово и Демир Капија -3, во Штип, Скопје, Куманово, Прилеп, Маврово -2, како и во Крива Паланка -1 степен.
Во Охрид, Претор и Гевгелија нула степени, во Тополчани 1, во Виница и Дојран 2, во Пожар и Пожаране 3, во Крушево 4 и во Ѓуриште пет степени.



