Актуелно
ВРЕМЕТО ДЕНЕС: Најстудено во Скопје, Битола, Берово и Дебар
На првиот ден од последната недела во оваа година настудено е во Скопје каде утринава се измерени -5 степени, по што следуваат Битола, Берово, Дебар и Струмица со -4, Штип и Демир Капија со -3, Тетово, Куманово, Кавадарци и Маврово со -2, Прилеп -1 и Охрид 0 степени.
Во Крива Паланка и Претор утринава е измерена температура од еден степен, во Виница, Лазарополе и Гевгелија 2, Дојран 4 и во Крушево 6 степени.
Густа магла утринава има во Демир Капија, во делови од Скопската котлина, К;уманово и во Дебар. На повисоките места дува слаб ветер од променлив правец.



