Актуелно
Валентина Колеска: „Во Македонија има се повеќе млади првократни дарители на крв“
По повод празникот Голема Богородица, Општинската организација на Црвен крст-Центар во соработка со Институтот за трансфузиона медицина денеска ја организираат 13. крводарителска акција. Акцијата се одржува од 9 до 17 часот во Домот на АРМ.
Валентина Колевска, секретар на општинска организација на Црвен крст-Центар информира дека до 9:30 часот има заведено 40 дарители, а се присутни од 70 до 80 дарители, од сите возрасти.
Таа потенцира дека веќе 13 години, околу 150 крводарители постојано се приклучуваат на акцијата. Има се повеќе млади луѓе, првократни дарители.



