Актуелно
ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Сончево и топло со температура до 37 степени
Времето денеска во Македонија ќе биде сончево и топло со слаб ветер од североисточен правец.
Утринската температура ќе се движи од 10 до 17, а дневната од 31 до 37 степени.
Во Скопје слично време, сончево и топло со слаб ветер од североисточен правец. Утринската температура ќе се спушти до 17, а дневната ќе се искачи до 37 степени.


