Вести
Вечерва се отвора 27 издание на Саем на книгата
Најзначајна манифестација од областа на книжевната и издавачката дејност, 27.Саем на книгата, официјално ќе биде отворен вечер на Скопски саем.
За посетителите од утре до 11 мај на Саемот ќе бидат изложени современи и класични литературни дела, стручна научна и белетристичка литература, учебници и училишни прирачници, енциклопедии и дела од областа на културата и уметноста. На Саемот ќе се претстават повеќе од 70 издавачи од Македонија, Србија, Албанија, Косово, Шведска и Италија.
Во Галеријата во Метрополис арена ќе има промотивно катче каде ќе бидат промовирани новите наслови годинава. Новина е што ќе има тематски денови кои секој ден ќе бидат различни. Тематската програма вклучува „Ден на македонска поезија“, „Промоција на млади автори“, „Ден на егзистенцијализмот“, „Големите светски талкачи“, „Ден на екранизирана уметност“, „Сонуваме ѕвезди“ – средба на девата со поетите.



