Актуелно
Весникот „Нова Македонија“ утре ќе ги додели наградите „личност на годината„
Првиот дневен весник во нашата држава, „Нова Македонија“, во 2012 година ја воведе наградата „личност на годината“, која ја добиваат најистакнатите личности што ја обележиле годината во областа на бизнисот, културата, политиката, уметноста, науката, образованието, спортот, општествените и хуманитарните дејности.
Редакцијата и годинава избра осум личности од јавниот и општествениот живот што, според нашите оцени, заслужуваат да го добијат признанието „личност на годината“ за 2015 година.
На сите нив на свечена церемонија, која ќе се одржи на 5 февруари, со почеток во 12 часот, во портата „Македонија“, ќе им бидат доделени посебни признанија и статуетки, по што е предвиден и коктел за сите гости.



