Вести
ВИКЕНД ПРОГНОЗА: Денеска облачно со врнежи од дожд – од понеделник заладување и снег!
Времето во Македонија утрово е облачно, само во источните делови на места е умерено облачно. Во Пелагонија и во Претор има магла со ограничена хоризонтална видливост од 50 метри, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.
Во 7.30 часот најниска темпертаура од минус четири степени е измерена во Берово. Нула степени се измерени во Тополчани, Крива Паланка и Ѓуриште, еден степен во Прилеп, Пожаране и Гевгелија, два во Тетово и Битола, три степени во Штип, Дојран и Куманово, четири во Маврово, Демир Капија, Скопје Струмица и Претор и пет степени во Охрид, Лазарополе и Крушево.
УХМР за денеска најави променливо облачно време со сончеви периоди. Попладне почнувајќи од запад ќе има повремени врнежи од дожд, кои во текот на ноќта ќе се прошират и во останатите подрачја. Максималната температура ќе се движи од 8 до 14 степени.



